Моден фокус // Трендови
Комбинација на боја која ветува елегантен изглед
Кога станува збор за комбинации на бои, во модата денес се е дозволено.
Дури и комбинациите за кои некогаш се дискутираше и за кои се мислеше дека се лош вкус, како што се црна и тегет, црвена и розова, златна и сребрана, денес се хит.
Ова сезона тренд е да ги кршите модните правила. Но, ако сте љубител на добри стари класики,она што е во мода нема да ви значи ништо, бидејќи ќе останете верни на својот стил.
За среќа, оваа година во тренд е една класична комбинација – белата боја во комбинација со сина боја или тексас секогаш изгледа елегантно и може да биде ваш стил за различни комбинации.