КОНЦЕРТ НА АНАСТАСИЈА ВО СКОПЈЕ

Американската пејачка и композитор Анастасија, на 15 мај ќе одржи концерт во Скопје, во ВИП Арената Борис Трајковски. 

Таа е една од најпродаваните пејачки во 21 век. Од 2000 година, кога започна нејзината популарност има продадено 52 милиони албуми.

 Првиот албум во 2000 година и донесе голем светски успех. Следната година е прогласена за најдобар поп женски изведувач, а во 2002 година ја испеа химната на Светското првенство во фудбал. Во 2005 година, светски хит кој уште се пее, стана нејзиниот дует со Ерос Рамазоти ,„I Belong To You“.

Анастасија направи пауза во кариерата од 2006 до лани, а Скопје е дел од нејзината повратничка турнеа. Во 2016 година, таа направи двојна мастектомија. Пејачката мораше да ги отстрани двете дојки, откако по втор пат и дијагностицираа рак, кој лекарите прв пат и го открија во 2003 година.

 По битката со болеста и операцијата, таа изјави:„Сега се чувствувам уште поженствено“. Болеста и тешкиот период таа ги опиша во песната „Скршени крилја“. 

(М.Џ.)