Концерт на групата „Тропико“ во Скопје

Добивај вести на Viber

Српската група „Тропико“ ќе одржи концерт во Скопје на 28 април, во ВИП Арената од 21 часот. Групата која постои 16 години, доаѓа во Скопје по концертот во белградската „Комбанк Арена“ пред 20.000 публика.

Македонската публика ќе има можност да ги слушне најголемите хитови на „Тропико“. Покрај последниот сингл „Халуцинирам“, ќе се пеат и постари песни како „Све моје зоре“, „Заувек твој‘ и други.