Концерт за паметење на Симон Трпчески и Македонската филхармонија
Синоќа во прекрасниот амбиент на Македонската филхармонија, нашиот пијанист со интернационална слава, маестро Симон Трпчески, одржа незаборавен концерт пред македонската публика.
Присутните уживаа во музиката на Шостакович и Гершвин во моќна изведба на Трпчески придружуван од Македонската филхармонија на чело со диригентот Борјан Цанев. Концертот донесе многу емоции, радост и вистинско воодушевување кое присутните не можеа да го скријат. Маестралниот пијанист и останатите уметници покажаа дека и класичната музика може да биде забавна, возбудлива и енергична.
Концертот го организираше Македонски Телеком, кој на уникатен начин го одбележа крајот на годината заедно со своите блиски соработници, партнери и пријатели. Имавме светски спектакл, нешто што ретко се доживува во Македонија. Перфекција, коментираа присутните. И самиот Трпчески истакна дека со вакви настани им се дава поттик на вистинските културни вредности.