Конечно докажано: Овој плод ви го чува срцето и спречува рак

Добивај вести на Viber

Како и сите јаткасти плодови, и лешниците се богати со хранливи влакна и содржат протеини, витамини, минерали и масти. Најмногу се одгледуваат во Турција, Италија, Шпанија и во Соединетите Американски Држави.

Можете да ги јадете сурови или печени. Сто грама лешници содржат 628 калории, 60,75 грама масти, 16,70 грама јаглерохидрати, 9,7 грама влакна и 14,95 грама протеини. Исто така содржат витамини, А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Ц, Е, како и калциум, железо, магнезиум, фосфор, натриум и цинк.

Лешниците се моќни антиоксиданти. Го штитат телото од стрес и помагаат во превенција од карцином и срцеви заболувања. Добри се за срцето бидејќи во нив се наоѓаат витамини и минерали. За оптимално здравје на срцето се препорачува поголемо внесување на монозаситени масти кои се наоѓаат токму во лешниците, а помагаат и за намалување на холестеролот. 

Поради големата концентрација на антиоксидантни состојки, витамини и минерали, лешниците спречуваат појава на карцином. Витаминот Е кој го има во лешниците е познат суплемент во превенцијата од карцином.