Конечно ја покажа насмевката: После 10 години Викторија Бекам ја откри нежноста под челичниот превез
Викторија Бекам не се откажува од имиџот на „ледената кралица“, но овој пат ја покажа својата насмевка.
Сопругата на поранешниот професионален фудбалер Дејвид Бекам (45), Викторија Бекам (46) ретко се смее во јавноста, а овој пат таа ја покажа совршената насмевка што ја криеше со години, на фотографијата со својот син.
Имено, нејзиниот син Круз на својот Инстаграм профил објави фотографија со неговата мајка Викторија, а таа се насмевнува и ги покажува совршено исправените и неверојатно бели заби - таа фотографија собра над 150.000 лајкови.
- Очигледно е дека мајка ми сепак се смее - напиша 15-годишниот Круз во описот на фотографијата.
Дејвид Бекам не можеше да одолее, ја искоментира оваа слика и се пошегува за нејзиниот бронзен тен и совршено бели заби.
Колку бели се забите на мама? Како кај Рос од „Пријатели“ - напиша славниот фудбалер, алудирајќи на епизодата од серијата во која Рос ги избели забите во неприродна нијанса пред средбата со една девојка.
Патем, минатата година Викторија зборуваше зошто никогаш не се смее во јавноста:
- Сакам да бидам искрена. Во минатото, веројатно се криев зад мојата маска, да не се смејам во јавност. Но, сега помалку се придржувам до тоа. Има нешто навистина ослободувачко во прифаќање на себе си, за тоа кој си. Се чувствувам самоуверено, се чувствувам како да имам што да понудам - рече Викторија.
- Фотографите постојано ме следат, ме снимаат и кога само шетам по улицата, би било малку чудно да шетам наоколу цело време со насмевка на лицето - рече Викторија.
Во друга пригода, таа даде малку поинаков одговор, па откри кој и ја зел насмевката.
- Јас, всушност, знаев да се насмевнам пред фотографите, но престанав да покажувам насмевка кога почнав да се занимавам со мода. Модата ми ја одзеде насмевка - рече популарната модна дизајнерка во една прилика.
извор: telegraf
-Утрински ритуали на познатите: Како изгледа едно утро на Викторија Бекам