Конечно на табела: Македонија влезе во првите 100 земји со примени вакцини, подобра е од Јужна Кореја и Јапонија

Македонија конечно влезе во табелата на земји со примени вакцини и се наоѓа на 99-то место со 1.510 дози кои до сега се администрирале, објави „Блумберг“.

На табелата апдејтувана со денешен датум има 108 земји кои до сега успеале да набават вакцини, а зад Македонија со помалку дози се Парагвај, Египет, Црна Гора, Нов Зеланд, Тајланд, Алжир и други.

Процентот на вакцинирани по глава на жител во Македонија е 0,07 дози на 100 луѓе, што е подобро од некои земји како Јужна Кореја, Јапонија, Иран и Украина, кои имаат повеќе вакцини, но имунизацијата е помалку застапена.


Сите детали читајте ги на Фактор.мк тука.