Конечно се појави Месијата
За тоа што се случи во неделата во Синсинати сѐ уште “„не сум кадарна“ да пишувам. Оти мислев ќе умрам таа ноќ. Не оти навивам за едниот, или за другиот. Тоа во неделата беше сосема неважно. Туку затоа што мислев дека некој од нив ќе колабира на терен и дека сите ние ќе сведочиме на еден таков непријатен чин. Секоја секунда од мечот мислев дека такво нешто ќе се деси. И затоа, за тој невиден „спектакл“ до сега во историјата на тенисот, ќе напишам кога ќе се окрлаам малку по повод тоа. Кој гледаше знае што зборувам.
Туку друго ми е муабетот, читам некни на еден српски портал, дека на првиот тренинг на Новак Ѓоковиќ во Синсинати, дошле илјадници луѓе да го гледаат.
Значи вака: тренинзите вообичаено не се места на кои доаѓа публика. Обично на тренинзите доаѓаат клубските играчи, клубскиот персонал, можда некој нивни пријател, или роднина, некои помали деца, или тенисери почетници, кои сакаат да видат некој од нивните спортски миленици, да пробаат да го начекаат кога влегува, или излегува, да земат автограм.
Може и да се остане на трибините и да се гледа тренингот, ама тоа не е баш толку атрактивно, бидејќи на тренинзите, повеќе од пола од времето поминува во тренинг, кој знае да биде и здодевен.
Сакам да речам, ќе го видиш тој за кого што си дошол, ќе поседиш десет-петнаесет минути и толку. Стануваш и си одиш.
Сакам да речам и тоа дека нема тука што да се гледа.
Или можеби сепак има!?
Очигледно ДА!
Веста беше објавена како сензација. Како нешто, што до сега не се случило. Сеа да речам во историја не тенисот дека не се случило вакво нешто, можеби е многу, ама илјадници луѓе да се потераат сите така, без договор, туку спонтано, веројатно секој од нив мислејќи си дека тој и уште само неколку ќе бидат таму, а да се случи токму спортивното масово и спонтано собирање, навистина до сега не сме чуле дека се има случено.
Тренингот не е ниту концерт, ниту натпревар, ниту пак е нешто што се рекламира и се објавува, ниту се наплатува карта за тоа, ниту луѓето се договараат „еј знаеш што ај ќе одиме на тренинг“.
Тренингот е тренинг. Да не речам обичен тренинг. Како милион такви тренинзи што до сега се случувале низ долгата историја на тенисот.
Од Бјорн Борг, и Мекенро, па преку Сампрас, Агаси, Крис Еверт, Навратилова, Штефи, Шарапова и остала компанија, па сѐ до Новак Ѓоковиќ денеска. На без малку истите, или сосем истите овие турнири. Овој тениски календар постои со децении и со децении се случува на истите тие терени.
Не се сеќавам дека друг пат вакво нешто се десило.
Се десиле многу други работи масовно купување од таа спортска опрема што ја носи вашиот миленик, се десиле и розеви и зелени патики и разно разни други будалаштини, ама „тепачка“ за на трениг навистина не сум чула дека се десила до сега.
Дали тоа тениската ера ќе се мери пред Новак и после Новак. Веројатно така ќе биде. Нам сега тоа, неговите современици, можеби сѐ уште не ни е јасно тоа, но веројтно така ќе биде.
Како пред Исус и по Исус. Или пред ерата на Ноле и Нолетова ера.
Тоа што, тој веќе скоро две децении ќе се сторат за некоја година од кога е присутен е една работа. Не мала секако. Тоа што ги помина речиси сите тениски рекорди е друга работа. Исто така не мала. Никако.
Ама има и други кој направиле такви светски резултати.
Конечно Федерер има таму уште некој рекорд кој што Ноле сѐ уште не му го стигнал.
Ама…!
Ама луѓето не отишле на тој тренинг да го видат тој што ги сруши, или тој што ги постави сите тие светски рекорди.
НЕ! Не доаѓаат по тоа.
Доаѓаат по друго нешто.
По што!? Тоа е главното прашање.
Ретко генерализирам, ама мисам дека Американците имаат една особина која што е типична и само „Америчка“.
Тие креираат „икони“, тие создаваат „икони“, тие ги величаат, прават мит од нив, прават светска популарност од нив и на крај тие, самите тие исто така ги уништуваат тие икони.
Многу почесто индиректно, но не ретко и директно.
Просто мислам дека е тоа во нивната ДНК.
Но ова не е тема сега. Односно не е тема тоа што ти ги создаваат и уништуваат. За тоа некогаш друг пат.
Темата е тоа што тие ги препознаваат иконите.
Да! Ги препознаваат. И тие точно знаат дека Ноле ќе биде, или дека веќе е икона.
Знаеме сите дека е вонсериски и дека е посебен. Ама на ниту едно друго место на планетава нема да се случи такво нешто.
Она што ние го знеме, ќе го знаеме од дома.
А тие, знаејќи го ова, отидоа да го видат.
Не знам за вас и се надевам дека не претерувам, ама мене ова ми е „знак“, дека Ноле е новиот Месија.
Мислам дека „новиот Месија“, никогаш нема да се појави во облик како што повеќето луѓе си го замислуваат, како Господ, како Исус, или како веќе…
Новиот Месија ќе се појави во облик на енергија.
Енергија која умее злото да го претвори во добро, енергија која умее да се справи со демоните, енергија која умее да се спротистави на демоните, енергија која умее да повлече маси, енергија која не се распаѓа дури и кога е камшикувана и распната, енергија која вели прости им Боже не знаат што прават.
Нели сево ова ви личи на Ноле. Мене Да!
За Женски Магазин, Тања Трајковска
*Ставовите изразени во колумната се лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Женски магазинКолумната можете да ја слушнете во аудио верзијата подолу: