Конечно се сети: Ал Пачино побарал да се направи тест, кој ќе потврди дека навистина ќе стане татко на 83 години
Пред неколку дена
светот беше во „шок“ од веста дека легендарниот актер Ал Пачино во 83-та година
од животот повторно ќе стане татко! Имено, неговата девојка Нур Алфала (29)
моментално е бремена во осмиот месец. На почетокот дури и самиот Пачино се
посомневал дека детето е навистина негово. Затоа побарал да се нпправи ДНК тест
кој ќе потврди дека повторно ќе стане татко, пренесуваат странските медиуми.
Имено, актерот се сомневал во наводите дека Нур забременила од него поради медицинскиот проблем кој му бил дијагностициран, а кој наведува дека тој е наводоно неплоден. Поради сомнеж, тој сепак направил тестирање кое покажало дека тој навистина ќе стане татко.
Извор близок до парот за американските медиуми изјавил дека славниот 83-годишен Пачино бил видно изненаден кога дознал за среќната вест.
Актерот од претходните врски ги има ќерката Џули (33) и 22-годишните близнаци Оливија и Антон.
Потсетуваме дека парот е во врска две години, а прв пат беа видени заедно во април минатата година. Инаку, Алфала е очигледно „слаба“ на постарите мажи, со оглед на тоа што во минатото беше во врска со Мик Џегер (78), а парот раскина во 2017 година. Интересно е што во 2019 година ја поврзуваа и со Клинт Иствуд (91), но на крајот тврдеше дека се само пријатели.
Нур во едно интервју откри дека луѓето ја коментирале нејзината врска со Џегер, но дека не жали за ништо и дека има многу убави спомени од таа романса.
"Годините не ми се важни. Срцето не знае што гледа, знае само што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и тоа беше среќен период за мене", изјави еднаш оваа 28-годишна девојка за еден странски медиум.