Конект.мк - нов интернет портал за технологија и иновативни науки

Од неодамна, на глобалниот интернет простор постои новиот македонски веб-портал за популарна технологија и иновативни науки Конект.мк. Креиран од ентузијасти и љубители на најновите технолошки достигнувања,Конектсекојдневно ќе ги  информира, едуцира и советува посетителите со голем број нови содржини, покривајќи ги глобалните технолошки трендови, но и македонскиот ИТ и бизнис пазар.

Се работи за динамичен и атрактивен ИТ-портал кој ги опфаќа сите области од индустријата и телекомуникациите, обраќајќи се до најразличните профили корисници: од пасионираните љубители на технологијата, средношколци и студенти, се до крајните купувачи, менаџерите и бизнис клиентите. Порталот Конект е дизајниран по теркот на современите светски трендови и нуди минималистички и визуелно чист изглед, при што е респонсивен и целосно прилагоден за паметните телефони, таблет уредите и компјутерите.

„Основната визија на Конект.мк е секој да може да пронајде информација за себе, врз основа на своите технолошки интереси и потреби, притоа уживајќи во модерниот изглед и напредната навигација на сајтот, креирани според најновите веб-стандарди. Конект.мк ги таргетира современите луѓе, свесни дека технологијата е еден од најважните аспекти од секојдневниот живот, работа и забава“, изјави Никола Бурагев, основач и главен уредник на Конект.

Речиси нема возрасен човек кој секојдневно не користи смартфон, паметен часовник, таблет или лаптоп, поради што Конект.мк ќе биде исполнет со вести и рецензии за најновите мобилни уреди и различните видови компјутери. Веб-порталот Конект ќе изобилува и со информации и теми поврзани со иновативните македонски и странски компании, технолошки стартапи и бизнис клиенти, а главна идеја на Конект.мк е промоција на иновативноста во сите сфери на општественото живеење.

Експанзијата на социјалните медиуми што ги користат поголемиот дел од луѓето кај нас и во светот само ја потврдува постојаната изложеност на дигиталната сфера, поради што посебен акцент на Конект ќе биде ставен на свежи информации од глобалната интернет мрежа. Софтверската секција нуди информации и совети во врска сонајпопуларните апликации и програми, рубриката Футуризам ги опфаќа најразличните иновативни науки, додека забавниот дел од сајтот го сочинуваат мултимедија, гејминг, како и невообичаените паметни уреди.