Констракта го прослави својот 44 роденден во парк: Денеска станав милионерка, добив планина од подароци (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Ана Ѓуриќ - Констракта, вчера го прослави својот 44-ти роденден, во парк во Белград.

 Таа објави и видео на Инстаграм и се пошегува: „Овде добивам подароци“.

"Сакав да ви кажам дека денес ми е 44 роденден. Во парк сум, чекам подароци. Најзабавно ќе биде ако никој не дојде", им порача таа на своите следбеници.

Но, многу обожаватели дојдоа оставајќи ѝ симболични подароци, овошје, книги, цвеќе.

„Имаше деца, постари, случајни минувачи, луѓе од јавниот превоз кои дојдоа да ме посетат. Ова траеше 44 минути, на мојот 44-ти роденден. Денеска станав милионерка. Добив подарок картичка од милион духовни долари. Одлично се чувствувам", изјави Констракта за Blic.rs.

View this post on Instagram

A post shared by @konstrakta


„Се радувам на родендените, иднината е стареењето. Добив планина од подароци“, додаде таа.

Инаку, Констракта за оваа пригода облече бела комбинација по која многумина ја препознаваат поради настапот на Евровизија каде годинава ја претставуваше Србија.

 Претходно таа позираше во црн комплет во парк кога и најави дека ќе биде таму за роденденот.

View this post on Instagram

A post shared by @konstrakta


извор:index