Конзумирајте ги секој ден: Што треба да јадате за да имате убава кожа?

Добивај вести на Viber

Продукти кои одлично влијаат на вашата кожа...

Сувото овошје содржи голем број на антиоксиданти, минерали и витамини. Поради тоа се идеални за секојдневна исхрана, бидејќи вашата кожа ја прават здрава и сјајна.

Познато е дека сувото овошје и јаткастите плодови во себе содржат многу важни хранливи материи. Во нив има големо количество на протеини, витамини, минерали и влакна. Доколку сакате да имате подобро здравје и совршена кожа, консумирајте ги овие намирници. 

Тие го намалуваат ризикот од анемија и кардиоваскуларни болести, го контролираат холестеролот и телесната тежина, го зголемуваат нивото на хемоглобин, го подобруваат здравјето на срцето, на дигестивниот систем и функцијата на мозокот, спречуваат дијабет тип 2 и остеопороза.

Сувото грозје содржи ресвератрол, специфичен антиоксидант кој ја поддржува здравата кожа и го успорува нејзиното стареење. Покрај тоа витаминот Е, кој го има во сувите плодови и некои јаткасти плодови, како на пример индиски ореви, има одличен ефект против стареење врз кожата.

За да бидете сигурни во квалитетот на она што го конзумирате секојдневно, следниот пат кога ќе пазарувате побарајте ги производите на „Нутини“.