Здравје // Совети
Корисни намирници за детокс на организмот
- Лубеници - Содржат големи количини L- цитрулин, аминокиселини кои во бубрезите се претвораат во аминокиселина L- аргинин. Таа чисти амонијак и други отрови од телото. Важи за добар извор на калории, ја поддржува работата на бубрезите и е голема помош во чистењето на организмот.
- Краставици - Висока содржина на водата во краставиците го поттикнува уринарниот состав на работата и исфрлање на токсини. Од друга страна можете да ги јадете многу, а да не се здебелите, бидејќи половина дланка исечени краставици имаат едвај 8 калории.
- Лимон - Црниот дроб сака лимон -тој е стимуланс за црниот дроб и влијае така што ја раствора уринарната киселина и други отрови во телото. Лимонот го алкализира организмот, па помага да се врати рамнотежата на телесната pH вредност. Чаша вода со малку лимон и мед наутро на гладно, од друга страна, го стимулира системот за варење и помага да се спасите од хроничен затвор.
- Нане - Нането, дали како зачин, или во облик на чај, помага полесно да ја свариме храната и го подобрува протокот на жолчката од црниот дроб, која во тенкото црево влијае во разградување на прехранбените маснотии. Неколку ливчиња нане може да додадете на студена летна салата, или во свежа лимонада, само претходно малку згмечете ги со прсти или нож како би пуштиле сок.
- Зеленчук на пареа - Зеленчукот е одличен извор на влакна за варење и спречување на затвор. Можете да го испечете на скара, или на тава, но користете притоа што помалку маснотии. Сепак, најдобар начин на подготовка е готвење на пареа. Зеленчукот кој не подготвен, туку само обарен на пареа, имено, задржува повеќе хранливи материи.
- Зелен чај - Пијте многу зелен чај бидејќи е богат со полифеноли, билни состојки кои влијаат како силен антиоксиданс. Полифенолите ги стимулираат ензимите на црниот дроб да го исфрлаат отровот од организмот. Може да го пиете пред оброк, или за време на оброци, па ќе го поттикнете варењето. Сепак имајте на ум дека содржи високи нивоа на теин, состојка која дејствува слично како и кофеинот, па не би смееле да претерувате и не е добро да го пиете навечер.
- Млеко и млечни производи - Млекото содржи многу хранливи состојки кои се посебно важни за здравјето на коските, но и го јакнат телото во борба против нечистотиите, посебно млечните производи со пробиотици, кои ја чуваат цревната флора. Користете го како база за овошни смути, или фрапе, што е совршен меѓуоброк, преполн со витамини.
- Вода (со овошје) - Водата ги пере токсините од виталните органи и носи хранливи состојки во клетките. Имајте секогаш при рака мало шише вода и пијте по малку цел ден. Може да ја збогатите со вкусови: додајте парчиња лимон, или две лажички зрнесто овошје, кое е исклучително богато со антиоксиданти, додека неколку коцки дина ќе ја поттикнат работата на бубрезите.
- Сок од цвекло -Цвеклото е особено богато со антиоксиданти, витамини, калциум и железо, што го прави одлична намирница за детокс на организмот. Во соковник ставете свежо цвекло, морков, една јаболка и парче целер, па измешајте да добиете сок, кој ќе го зачините со неколку капки лимон.
- Чај од корен на глуварче -Коренот на глуварчето е одлична билка за црниот дроб и чистење на крвта. Најдобро е да го ископаме во рана есен, кога е најбогат со лековите горчливи состојки. Измешајте го коренот на глуварчето, со коренот на трн и коренот на коприва во еднакви размери, па две лажици мешавина прелејте со литар ладна вода и ставете на оган да зоврие. По три минути процедете и изладете, па пијте по малку во текот на денот. Освен чај при детоксикацијата на црниот дроб е потребно да внесувате и храна богата со протеини.
- Сок од морков -Направен дома, од два свежи моркови и малку сок од лимон, е познат како и чудотворен сок, бидејќи е пребогат со антиоксиданти и ензимот каротен, кои имаат способност да го поттикнат чистењето на организмот. Сокот влијае како силен поттикнувач за чистење на црниот дроб, и елиминација на токсините од телото.
- Ленено семе -Изобилува со влакна и помага за одржување на системот за варење, ја поттикнува работата на цревата и го елиминира отпадот од телото. Со часови ќе ве држи сити, па може да биде корисно во помош на слабеењето. Лажица прав од ленено семе додајте во утринско смути, или во вода па испијте го.
- Сок од магдонос -Богат е со ензими, антиоксиданти, минерали и витамини и многу ефикасен за детоксикација на црниот дроб и бубрези. Обидете се да го измешате со билни сокови и свежо овошје, вклучувајќи лимон, краставица, морков, цвекло или лубеница.
- Компот или сок од суви сливи -Богат е со антиоксиданти, железо, бета-каротен и калиум и има способност на елиминација на отпадот од дебелото црево поради високата содржина на влакна. Освен тоа, може да го намалите нивото на шеќер и холестерол во крвта. Едноставно потопете суви сливи во вода, па тивко сварете ги во таа вода, и кога се изладат изедете ги и испијте ја таа вода.