Корона пасош: Нема да можете да одите во ресторан, кино, на натпревар ако не сте вакцинирани

Добивај вести на Viber

Кафулињата, рестораните и кината можат да им забранат влез на клиентите/гостите доколку не се вакцинирани против коронавирусот, изјави британскиот министер задолжен за заштита на граѓаните од ковид-19 и за вакцинација, Надим Захави, откако Велика Британија ја одобри употребата на вакцината против вирусот „Фајзер“ и најави дека тие ќе можат да се користат од почетокот на следната недела. Инаку Велика Британија прва во светот ја одобри оваа вакцина.

Британскиот министер Надим Захави, исто така ги предупреди сопствениците на услуги и управителите на фудбалските стадиони дека имаат право да побараат доказ од своите клиенти дека биле вакцинирани против вирусот.

Министерот вели дека иако вакцинацијата не е задолжителна, надлежните органи сакаат да ја оживеат идејата за „имунолошки пасош“, односно да водат евиденција за лицата кои се заштитени со вакцинација. Предлогот е во соработка со Светската здравствена организација, да се има лиценца за оние кои биле вакцинирани и кои можат да ја користат при влегување во кино или продавници.

Во интервју за Би-Би-Си, Надим Захави зборуваше за можноста за воведување на „корона пасош“.

„Ги разгледуваме можностите и, се разбира, тоа е начин на кој сопствениците и управителите на објектите би знаеле како да примат луѓе кои се безбедни. Киносалите и спортските стадиони веројатно ќе размислат за прифаќање на овој систем. Засега мора да создадеме систем што е едноставен и достапен за да може да се спроведе таква мерка “, рече Надим Захави.

Според британските медиуми, „имунолошкиот пасош“ е клучен дел од враќањето во нормалниот живот, што ќе им овозможи на луѓето повторно да бидат во поголема група на луѓе без ограничувања и мерки како што е физичката оддалеченост.

Од друга страна, се разгледува и неправдата кон оние кои нема да бидат вакцинирани.

Надим Захави вели дека луѓето ќе мораат сами да донесат одлука.

„Сметам дека голем дел од услужната индустрија ќе ја прифатат оваа идеја, а на луѓето е да одлучат дали сакаат или не да се вакцинираат“, заклучи министерот.

извор: zenskikutak.rs

Д-р Ана Глигиќ: Ниту еден лек не делува против коронавирусот, единствениот спас е вакцината