Ќе започнат со вакцинација од следната недела: Велика Британија ја одобри употребата на вакцината „Фајзер“

Добивај вести на Viber

Велика Британија ја одобри употребата на вакцината против вирусот ковид-19 на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ и најави дека тие ќе можат да се користат од почетокот на следната недела, пренесува Ројтерс.

„Владата денес ја прифати препораката на Агенцијата за лекови и здравствени производи и одобри употреба на вакцината Фајзер и Бионтек“, објави британската влада.

Велика Британија прва во светот ја одобри оваа вакцина. Првите вакцини ќе бидат достапни веќе следната недела.