Короната не ја спречи да ја изненади мајка си: Сузана Гавазова организираше роденденска забава

Вчера, познатата македонска фолкерка Сузана Гавазова имаше повод за славење - роденденот на мајка ѝ. По тој повод, пејачката ги собра најблиските во ресторан, со цел да ѝ направи изненадување на жената која и го дала животот. 

„Среќен роденден мајко моја. Да си ми жива и здрава. Те сакам.“ - напиша Сузана покрај фотографијата со нејзината мајка.


Дека тие одлично се забавуваа говорат и видеата кои фолкерката ги сподели на својот Инстаграм профил, а кои заедно со мајка ѝ играат пејат. 

Исто така, таа не заборави и на најважното нешто за секој славиник - роденденската торта. Па така, мајка ѝ ги дувна свеќичките од тортата на која имаше и прскалки.