Коронавирус: Најсилни антитела имаат луѓе кои ги имале овие симптоми
Еве како да знаете
дали сте сè уште безбедни!
Научниците од Империјал колеџ во Лондон по спроведеното истражување предупредија дека имунитетот стекнат по прележан ковид-19 поминува брзо. Имено, тие направиле тестови за антитела на оние кои веќе се заразиле со новиот коронавирус, а по само три месеци, забележале пад на имунитетот за дури 26 проценти.
Британците имаа втор бран на почетокот на септември, а научниците велат дека само 4,4 проценти од заразените во тоа време имаат антитела денес.
Тие претпоставуваат дека имунитетот кон новиот коронавирус трае само неколку месеци и дека милиони сè уште се изложени на висок ризик, дури и ако се заразиле со вирусот.
Друга студија покажа дека луѓето кои биле позитивни на тестот и ги покажале следниве симптоми: кашлица, треска и губење на чувството за вкус и мирис, исто така имале најсилни антитела. Од друга страна, старите лица и оние кои имале асимптоматска инфекција, исто така, имале најслаби антитела.
Професорот Греам Кук од Империјал колеџ вели дека е важно да се нагласи дека мнозинството од населението сè уште е изложено на висок ризик, но тој исто така изрази надеж дека, како и другите коронавируси, реинфекцијата со новиот коронавирус – ковид-19 може да биде поблага од првата инфекција.
Фото: Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Имунолог Каменов: Луѓето кои имаа ковид-19 и го земаа овој витамин, станаа на нозе третиот ден!