Коса во боја на тиква: Теа Трајковска во тренди есенско издание

Добивај вести на Viber

Младата пејачка Теа Трајковска позната по својот специфичен глас, но и по нејзиниот изглед.

Теа често знае да експериментира со бојата на нејзината коса, па така неодамна ја бојадиса косата во портокалова или така наречена коса со боја на тиква.

Ваквата боја на коса е хит оваа есен, посебно добро им стои на девојките со посветол тен.

Теа открива дека на косата ѝ посветува многу внимание, меѓу другото бидејќи ја фарба веќе 10 години и не постои боја, варијанта и должина што ја нема пробано. 

- На косата морам да признаам дека ѝ посветувам многу внимание, меѓу другото бидејќи ја фарбам веќе 10 години и не постои боја, варијанта и должина што ја немам пробано- откри претходно Теа за Женски Магазин.

Изминатите години пејачката можевме да ја видиме со руса коса, розева, црвена со повеќе нијанси, како и сини прамени. Додека должината на косата постојано ја менува.

Портокаловата е една од основните бои. Оваа нијанса на амбиентално и изгрејсонце, сочно портокалово, злато и бакар е единствена по тоа што нема ладни тонови. Секогаш привлекува внимание, а љубителите на оваа боја се карактеризираат како  живи, светли личности, друштвени и инспиративни.

Фото: Инстаграм