КОСТА КОНЕЧНО ПРОГОВОРИ ЗОШТО ПУКАШЕ ВО „РИБНИКАР“: Раскажа зошто ги убил соучениците, но не сакал да ги види нивните мртви тела, му било незгодно

Добивај вести на Viber

На 3 мај се случи едно од најбруталните масовни убиства на Балканот, чии размери уште долго ќе се паметат и анализираат.

Коста К., 13-годишниот ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, кој уби 10 лица, од кои девет деца, а рани уште шестмина, стана единственото дете во светот кое извршило ваков страшен масакр , а медиумите го нарекоа „момче убиец“. Со својот чин засекогаш ги промени животите не само на семејството, туку и на семејствата на неговите десет жртви, пишува Курир.

Зборуваше за масакрот

Од моментот на апсењето, кога кобното утро по неговиот чин се јавил во полиција, велејќи и дека е „психопат кој треба да се смири“, момчето е на белградска клиника, каде лекарите секојдневно ја следат неговата состојба, а е и под надзор на криминалистичката полиција.

Секоја година во Србија на 1 септември е првиот ден од новата учебна година, а „момчето убиец“ го дочека во болница. Според медиумите, тој своето образование го продолжил на интернет. Неговото учење се одвива според моделот што се користел за време на пандемијата на коронавирус. Масовниот убиец ќе заврши осмо одделение преку специјалното училиште на Др. Драган Херког ќе го следи часот од неговата болничка соба.

Детали на Фактор.мк