Стил на денот: Костимот на Маргот Роби е сè што ни треба оваа есен, совршен изглед со додатоци по кои лудуваат сите жени

Добивај вести на Viber

Фото: printscreen youtube/ 73 Questions With Margot Robbie | Vogue

Австралиската ѕвезда Маргот Роби оваа година е дел од голем број возбудливи проекти, а неодамна почна да го промовира филмот „Амстердам“ - новиот режисерски проект на Дејвид О. Расел

Една од најубавите русокоси во Холивуд деновиве престојува со филмската екипа во Њујорк, каде и официјално започна промо турнејата, а по тој повод привлече посебно внимание со својот моден избор.

Имено 32-годишната Роби беше забележана во шик издание во кое целосно доминираше сив костум инспириран од машкиот гардеробер. Покрај струкираното сако и панталони со „цигара“ крој, овој костум вклучуваше и минијатурен елек кој Роби го носеше во форма на топ, а пристигнува со потписот на шпанскиот бренд „Mango“.

Фото: Profimedia

Со ова одело на „Манго“ таа спои препознатливи и скапи парчиња со дизајнерски потпис. Покрај сандалите на висока потпетица и малата чантичка од брендот „Прада“, беспрекорното издание го истакна и со очила за сонце од брендот „Шанел“.

Извор: stil.kurir.rs