Котев Ксенија, АмстерДама и Едвард Станковски во галерија „Акантус“

Добивај вести на Viber

Од 15 до 20 мај во галерија „Акантус“ ќе имате можност да уживате во сребрената авангарда на Котев Ксенија, духот на амстердамскиот стил со АмстерДама и фото приказните на Едвард Станковски. Едно сосема поинакво поимање на слободниот дух и стил кога уметноста и модата се сплотени во едно создаваат совршено галериско претставување.

АмстерДама е партнерска двојка која живее и работи во Амстердам со симпатична желба и воља да ја пренесе културата на „second hand shopping“ која е исклучително популарна во Амстердам. На изложбата ќе биде претставена една специфична селекција на автентинтични парчиња женска и машка гардероба. Супер микс на ретро, винтиџ, тренди и авангардно.

Сребрената страст на Котев Ксенија и нејзиниот накит повторно ќе ве доведе до искушение.

На групната изложба ќе бидат претставени парчиња накит од двете претходни колекции на Котев, "Hidden stories" и "Cradle of desires" и мал поглед во новата колекција која допрва претстои - "Embryo" .

Вашата омилена „Кривина 9“ (Curve 9)  е вашето омилено сребрено „дежаву“ на овој накит чија приказна е мистична (Mystify) и заплеткана (Tangled) во празните множества (Empty set Ø) подготвени за едно ново 925 раѓање.

Финалниот декор го има уметникот Едвард Станковски, кој повеќе од 25години живее и работи во Амстердам, а пред скопската публика ќе се претстави со изложбата " La Femme Obscure". Во центарот на оваа изложба е жената, нејзината убавина, сензуалност, таинственост и сила.

Се гледаме вечерва на изложба!