Ковачевски призна: Има поскапувања во малопродажбата, ќе мораме со ригорозни мерки

Добивај вести на Viber

Премиерот Димитар Ковачевски денеска пред медиумите рече дека вчера имал детален состанок со министрите за економија и за финансии на кој се разговарало за движењето на цените во малопродажвата. Тој најави дека ќе следуваат ригорозни мерки за трговците кои ги поскапуваат цените, како дел од антикризниот пакет во периодот што следува.

- Се забележува зголемување на цените во малопродажбата, се забележува зголемување на профитите во малопродажбата. Соодветно на тие анализи, ќе бидат предложени мерки од Владата кои ќе бидат ригорозни и нема да има пардон.

Сигурно е дека ќе има негодување, меѓутоа нема да дозволиме во време на криза некој да ги зголемува своите профити во апсолутен износ, на сметка на граѓаните кои треба да врзат крај со крај, кажа Ковачевски.

Детали на Фактор.мк