Најлошото- Малата Данка е убиена: Приведени се две особи
Две лица се уапсени за убиството на девојчето Данка Илиќ, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тие го признале убиството, додаде тој.
„Со какви чудовишта си имаме работа... Сега ја водат полицијата до местото каде што го фрлиле телото на детето“, изјавил спрскиот претседател.
Ja удриле со службен автомобил, и ѝ го фрлиле телото.
Осомничени за убиството на Данка Илиќ се двајца вработени во Јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Бор.
Телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија каде го фрлиле.
На крајот и се заблагодари на полицијата за сработеното, но не можеше да ја сокрие тагата што епилогот од приказната е ваков.
На крајот и се заблагодари на полицијата за сработеното, но не можеше да ја сокрие тагата што епилогот од приказната е ваков.
Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско Поље. Истрагата била веднаш покрената и се одвивала низ цела Србија. Сите кои биле во близина на девојчето во моментот на нејзиното исчезнување биле сослушани.
Се појавија разни информации каде се наоѓа, дури и видео од Виена, но сето тоа се покажа како неточно. Дури бевме сведоци на објава на социјалните мрежи, каде тројца од БиХ се пофалија дека знаат каде е Данка, но се работи за лажна објава поради обид за изнуда на 25.000 евра за информација. Тие се уапсени и се чека казна.
Извор: N1info.hr