Kрајната цел останува свет без чад, пушачите кои не можат да се откажат да не бидат оставени на пропаст

Добивај вести на Viber

Над 240 учесници од 41 земја присуствуваа на 5. научен самит за намалување на штетите од тутунот, организиран од SCOHRE, Меѓународна асоцијација за контрола на пушењето и намалување на штети, кој се одржа на 21 и 22 септември во Атина, во Центарот за култура на Фондацијата Ставрос Ниархос.

Новите истражувачки податоциза новите производи и нивната улога во контролата на пушењето ги претстави Игнатиос Икономидис, претседател на Организацискиот комитет и претседател на SCOHRE, кој воедно го отвори 5. издание на Научниот самит за намалување на штети од пушењето. На самитот беа претставени тековните предизвици со кои се соочуваат владите во контролата на пушењето.

Марева Гловер, директор на Центар за истражување од Нов Зеланд го претстави пристапот, достигнувањата и целите во оваа земја. Нов Зеланд се смета за успешна приказна во контролата на пушењето. Имлементиран во 1990 година, Законот за средини без чад беше многу прогресивен и целосно го прифати пристапот за намалување на штети кон пушењето со одлични резултати: распространетоста на пушењето е намалена во Нов Зеланд од 27% во 1992 година на 18,4% во 2011-12 година, а потоа на 109% во 2020-21 година. Гловер во својот говор предупреди дека земјите треба да внимаваат на лагите и пропагандните кампањи кои бараат забрана и од политиките за кои не постојат реални научни испитувања кои ги забележуваат нивните негативни ефекти и последици.

На панел дискусијата беше потенцирано дека денес постои растечки тренд да се усвојат стратегии за намалување на штети како комплементарна стратегија за откажување од пушење и превенција од пушење. Додека крајната цел останува „свет без чад“, застапниците на намалување на штети од тутун веруваат дека владите треба да усвојат прагматична перспектива на јавното здравје за пушачите кои не успеваат да се откажат.

Предизвиците со кои се соочуваат владите во моментов во контролата на пушењето беа дискутирани на панел со Василис Контозаманис, поранешен грчки министер за здравство и основачите на SCOHRE. Контозаманис се осврна на новата легислатива „против пушење“ што беше ефективно спроведена во Грција пред неколку години, нагласувајќи ја волјата на владата да се бори против ефектите од пушењето.

„Владите треба да усвојат прагматична перспектива за јавно здравје. Додека ја следиме употребата на нови тутунски производи и дополнително ги проучуваме долгорочните ефекти, а крајната цел останува „свет без чад“, ние мора да се грижиме за сите оние кои се пушачи и не сакаат или не можат да ја напуштат употребата на никотин“, нагласи тој.

Случајот за намалување на штетите од тутун беше дискутиран во контекст на креирање политики, засновано на докази на панел дискусија во која учествуваа Марија Спираки, европратеник (Грција) и тројца научници, Зои-Доротеа Пана (Кипар), Анджеј Фал (Полска) и Џузепе Бионди-Зокаи (Италија)

Што се однесува до научните прашања, успешното ангажирање во „креирањето политики засновано на докази“ бара фокус, прагматизам, стратегија и долгорочна посветеност, комбинирани со податоци и убедување сложените научни докази да се преведат во едноставни приказни. Сите панелисти се согласија -  крајната цел останува свет без чад, но сепак треба да размислиме за ревидирање на нашите стратегии за да ги подобриме резултатите!

„Оние пушачи кои не успеваат да се откажат од пушењето не треба да бидат оставени во нивната пропаст. Стратегиите за намалување на штетите треба да се охрабруваат кај пушачите кои вложиле многу напори, но не успеале да се откажат. Но, ние треба да спроведеме тековни студии и да ја следиме долгорочната употреба. Искуството од пандемијата ни покажа дека соработката меѓу земјите е клучна. Треба да развиеме заеднички протоколи за проучување и да развиеме тековни компаративни студии; да ги евидентираат, анализираат и оценат ефектите од иновативните производи“, се согласија панелистите кои учествуваа на Самитот.

ПР Објава