„Кралицата беше модна икона“, Наоми ѝ оддаде почит на Елизабета II во фустан кој е едно од блескавите изданија на исклучително важниот моден настан
Еден од најважните модни настани во годината, Британските модни
награди, се одржа вчера во Лондон. На црвениот тепих се случи она што со право
може да се нарече спектакл.
„Таа беше вистинска модна икона“, рече Наоми на сцената, потсетувајќи се на стилот на британската кралица Елизабета Втора, која почина пред три месеци во Шкотска.
Наоми во нејзиниот фустан и беше ривал на Сузи Вотерхаус, за чиј одличен стил не се зборува доволно. Покрај нејзиното футуристичко издание, ја видовме и манекенката Лила Мос Хек во црн проѕирен аутфит. Ќерката на Кејт Мос се најде на истото место како колешката и голема пријателка на нејзината мајка. Судир на генерации, а таа и Кембел се во центарот на вниманието на светската јавност.
Шминкерката Хана Мартин се сокри под фустан кој и го покриваше лицето, додека една од првите модни блогерки Алекса Чанг покажа модна оригиналност.
Синот на Викторија и Дејвид Бекам, Ромео Бекам беше совршено стилизиран.
Кој друг присуствуваше на наградата, која се организира од 1989 година во чест на поединци и модни куќи кои најмногу придонесоа за модата во изминатите 12 месеци, погледнете во галеријата:
Фото: Профимедиа/Инстгарам