Кралицата Елизабета забрани: Заборавете јадење лук, ама кечап мора да има

Можеби овие нешта кои ги отстрани се тајната на нејзината долговечност, иако за нив се смета дека се многу здрави.

Кралицата Елизабета Втора забрани одредени видови храна и тие нема никогаш да се најдат на кралската трпеза. 

На кралското мени нема морски плодови, а причината е страв од труење со храна. Британската кралица го забранила и лукот.

„Никогаш не смеевме да служиме нешто со лук или премногу кромид“- рече Дерен Мекгрејди, поранешен готвач во Кралството.

Џон Хигинс, друг поранешен готвач во Кралството, кој некогаш готвеше за нејзиното височество, посочи:

„Кралицата на Велика Британија е навистина прекрасна дама. Британското кралско семејство се навистина прекрасни луѓе. Но, тие пропуштаат да го вкусат вкусот на лукот. Ова е затоа што, во Бакингемската палата едноставно не можете да готвите со лук. 

А Мекгрејди додаде дека кралското семејство забранило и скроб. Тестенини, компир и ориз се исто така состојки кои нема да се најдат во чинијата на кралицата. 

Кралското семејство не практикува да пие вода од чешма поради можноста во неа да има присуство на бактерии.

Затоа пак, кечап може во неограничени количини.

Кралица Елизабета лансираше сопствен бренд со производи направени на нејзиниот имот во Норфолк.

Сите потребни ресурси за производство се од имотот, а меѓу производите во брендот е и кралскиот кечап, пишува магазинот „People“.

„Идеален за појадок или кој било друг дел од денот“, е слоганот на овој кечап.

Освен домати, овој кечап содржи и урми, сок од јаболко и разни зачини. Позната е и цената на овој кечап и очекувано е поскап од вообичаениот што може да се најдат во продавниците - шише од 300 милилитри чини девет долари.

Според „People“, кралицата е голем обожавател на хамбургери, а за тоа претходно зборуваше нејзиниот поранешен готвач Дарен МекГрејди. Тој вели дека таа јаде плескавици без пециво со вилушка и нож, а наместо кечап користела брусница.

Фото: Filosof