Кралицата Летиција се сретна со жена во потполно идентичен фустан: Го сокрива вишокот килограми (ФОТО)
Сопругата на шпанскиот крал Фелипе Шести вчера присуствуваше на Кралскиот одбор на Советот за лица со инвалидитет во Мерида. Како почесен претседател на Советот, Летиција одигра важна улога во дискусиите за традиционалните награди што се доделуваат за да се подигне свеста за правата на лицата со попреченост, важноста на вклученоста и еднаквите можности за сите.
Како и обично, шпанската кралица изгледаше беспрекорно, а по низата светли комбинации на бои, сега се врати на модните класици.
Летиција за оваа пригода избра црно-бел фустан од познатиот шпански бренд Манго, парче чија цена е само околу 70 евра.
Станува збор за модел во стилот на шеесетите, кој има затворена јака, а под градите се проширува во ефикасен А-крој, што е одличен трик доколку сакате да го скриете вишокот килограми во колковите и стомакот, особено благодарение на високиот црн појас. Сепак, јасно е дека тоа не ѝ треба на кралицата Летиција - фустанот ги открива нејзините совршено извајани раце, кои се резултат на напорен тренинг.
Заедно со атрактивниот двобојен фустан, таа облече и едноставни црни салонки со високи потпетици и црна чанта, кои го заокружија нејзиниот минималистички изглед и уште еднаш покажа дека за исклучителниот стил не се потребни многу пари или многу експериментирање.
Посебно е убаво што добитничката на една награда, Имакулада Вивас Тесон, носеше идентичен модел на фустан, па и двете тоа го забележаа со широка насмевка и прегратка.
Извор: glossy.espreso.co.rs