Kралицата Летиција во чевли што мора да ги има секоја жена: Дури и од најдосадната облека прават модна магија
Шпанската кралица изненади со необични салонки кои го трансформираат целиот изглед во шик издание.
Сопругата на шпанскиот крал Фелипе Шести присуствуваше на состанокот на ФЕДЕПЕ, Шпанската федерација на директори, менаџери, професионалци и претприемачи, пред два дена. Кралицата Летиција е, всушност, почесен претседател на годишното доделување на наградите на ова здружение, кое наскоро ќе биде врачено по 30-ти пат. Таа е една од најважните организации кои се занимаваат со лидерство на жените во Шпанија и вклучува неколку здруженија на жени кои работат во јавна администрација или се претприемачи.
Летиција од Шпанија избра бизнис стил и минимално издание за оваа пригода, но го комбинираше толку маестрално што фотографиите ги преплавија модните портали ширум светот.
Таа се појави во миди фустан од модната куќа Hugo Boss, кој нема ракави, ја следи линијата на телото, а украсен е со кариран дезен, кој уште се нарекува и prens de gal, glen plaid или каро принц од Велс.
Најважниот дел од овој стајлинг сепак се салонките со потпис на брендот Магрит - навидум обични црни и лакирани чевли со потпетици кои стануваат вистинско мало ремек-дело благодарение на тоа што се бели во задниот дел.
Секогаш е добро да имате вакви импресивни обувки, бидејќи секое модно издание, дури и она што е досадно, брзо и лесно се претвора во интересно и ефективно, а тоа го постигнувате благодарение на контрастот на боите на чевлите . Не мора да се придржувате до црно-белите комбинации, се разбира: ако во вашата гардероба доминираат други бои, одлучете се за чевли со омилените бои, но имајте на ум дека тие мора да се во согласност со правилата за блок во боја, односно да се комбинираат боите што се наоѓаат на спротивните страни на тркалото од бои. Значи, сината ќе изгледа интересно во комбинација со портокалова, црвена со зелена, итн.
На тоа шпанската кралица додаде бела чанта од марката Фурла, додека од накит носеше златен прстен Карен Холам и обетки Gold & Roses.
извор:GLOSSY