Моден фокус // Трендови
Кралска боја за врвен гламур: Шекеринска се сретна со Кејт Мидлтон
Разговор за #MKinNATO во Buckingham Palace со војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон. Ова го напиша вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, под видеото кое го објави на „Фејсбук“, а на кое разговара со сопругата на принцот Вилијам.
Шекеринска за гостувањето во Бакингемската палата одбра фустан со сјаен материјал во кралско-сина боја. Креацијата ја следи линијата на телото и има ракави со „ројалти“ крој. Непогрешлив и ефектен избор која создава врвен гламур.
Радмила е во Лондон како дел од македонската владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, на Самитот на НАТО на кој се одбележува 70-годишнината од постоењето на Алијансата.