Кратка, a елегантна фризура идеална за празниците: Им стои на жените од сите генерации и никогаш не излегува од мода

Добивај вести на Viber

Кратката коса може да биде стилска ако се обликува на вистински начин, а ова сигурно ќе биде одличен избор кога е во прашање празничната сезона.

Долгата коса е онаа која секогаш носи доза на посебна елеганција сама по себе, но и кратката коса може да го истакне вистинскиот холивудски стил доколку ја стилизирате на вистински начин.

Елегантните бобови се многу привлечни оваа сезона, а се одличен избор и за празнични фризури. Стариот холивудски боб е безвременски, никогаш не можете да погрешите со него. Фризура полна со волумен која го врамува лицето и внесува посебна доза на нежност, е вистинскиот избор за сите стилски дами кои не се љубители на долгата коса.


Како да направам холивудски боб?

Еве ги советите од професионалците:

Навлажнете ја косата и користете пена или спреј за стилизирање. Откако ќе ја нанесете пената, нежно исушете ја косата дел по дел, кревајќи ја до корените за да и дадете волумен.

Користете спреј за волумен и исушете ја косата наопаку за да ја подигнете до корените, користете тркалезна четка за да додадете малку лабави бранови, завиткувајќи ја косата назад од лицето. Направете длабок страничен дел и, конечно, ставете една страна зад увото.

Не преоптоварувајте ја косата, мора да има природно движење.