Кредитни производи на Халк банка со животно осигурување нудат сигурност и атрактивни услови
Во време кога има постојан раст на кредитната активност во земјава и особено раст на нивото на одобрени кредити за граѓаните, Халк банка во соработка со Кроациа Осигурување - Живот, со цел да одговори на барањата и потребите на клиентите на пазарот започна да нуди кредити со полиси за животно осигурување со кои се обезбедува сигурност во отплатата и заштита на семејството и имотот од последици од несреќен случај. Со полисите за животно осигурување, на клиентите им се на располагање Релакс потрошувачкиот кредит, Комфор станбениот кредит и Хипотекарниот кредит со животно осигурување.
Овие производи не се новина во светот и се почесто се користат и бараат. Нивната поволност доаѓа оттаму што во случај на несреќа на кредитокорисникот, обврската за исплата на кредитот не се пренесува на семејството како дополнителен финансиски издаток. Во спротивно, пренесувањето на обврската може да претставува голем проблем бидејќи со несреќата се губи и главниот финансиски извор во домот. За да не дојде до несакани последици, како наплата на долгот со извршители, одземање на имотот, доколку се работи за станбени или хипотекарни кредити, или пак, непланиран финансиски товар за жирантите, најдобар начин на заштита и превенција е кредит со ризико полиса за животно осигурување.
За сите три вида кредити кои се нудат со полиси за животно осигурување, Халк банка обезбеди и атрактивни услови, различни од оние кои важат за стандардните потрошувачки, станбени и хипотекарни кредити без животно осигурување. Па така, кај Релакс потрошувачкиот кредит со ризико полиса, ниската фиксна каматна стапка важи за првите две години, рокот на отплата е продолжен до 10 години, се нуди можност за повисок износ на кредит и е без надоместок за обработка на барањето. Кај станбениот, Комфор кредит со полиса за животно осигурување фиксната каматна стапка важи за првите 5 години, временскиот рок на отплата е до 30 години, има ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот, големи олеснувања во обезбедувањето и е без трошоци за проценка, за одобрување и за предвремена ликвидација од сопствени средства. Халк банка АД Скопје нуди и хипотекарен кредит со животно осигурување кој може да се користи како долгорочен ненаменски кредит, а може да се искористи и за ликвидирање на целата кредитната изложеност, со цел намалување на финансискиот товар од претходни задолжувања на поединецот или неговото семејство.
За сите кредити од понудата, премијата се плаќа еднократно кон Кроациа Осигурување-Живот во моментот на исплата на кредитот. Траење на осигурувањето може да биде од 1 до 30 години, соодветно на рокот на отплата на кредитот и истата има намена да го осигура износот на кредитот. Осигурувањето важи за цел временски период и износ додека трае кредитот. Во случај на предвремена ликвидација на кредитот, полисата останува активна и во случај на несакан иден настан се исплаќа кон член во семејството назначен во полисата.
Покрај понудата на полиси со животно осигурување, активна во Халкбанк е и понудата за неживотно осигурување.
Како резултат на партнерството со првата лиценцирана компанија за животно осигурување во земјава, Халк банка во своите филијали нуди и продажба на животно осигурување на Кроациа Осигурување – Живот кое не е врзано со кредит и тоа на полисите basic, premium, ekskluziv и Коко детско штедно осигурување.