Моден фокус // Коса
Кристина Димитри со одлична промена на косата: Пред пролетта ја освежи
Некои дами не прават чести промени на својата коса, можеби поради тоа што се бендисале со формата и боја која ја имаат, а можеби и поради страв од промена. Меѓутоа има и жени кои сакаат да експерементираат со косата и во една година неколкупати праваат драстична промена.
Една од тие дами е поранешната мисица и екс сопруга на пејачот Даниел Кајамкоски, која е манекенка, а од неодамна и пејачка. Овој пат таа сподели дека ја променила бојата на косата, додека должината ја задржала иста.
Промената ѝ стои одлично.Таа во септември минатата година ја скрати косата и ја обои во темна нијанса. А како велат на убава жена ѝ стои се‘, а очигледно Кристина не се плаши од промени и сака да експериментира.
Фото: Youtube - screenshoot/Инстаграм