Кроација осигурување неживот потпиша меморандум за соработка со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
Денес во просториите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Главниот извршен директор на Кроација осигурување АД-Друштво за неживотно осигурување, Александар Манев и Деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје проф.д-р.Влатко Неделковски.
“Oбразованието е единствениот пат кон независноста. Ни помага во градењето на карактерот, поттикнува конструктивно размислување и не тера да гледаме позитивно кон иднината. И само доколку постојат добри практики во образованието, но и желба за континуирано учење, можеме да постигнеме успех во животот, и да бидеме задоволни со себе. Водена од оваа своја визија Кроација осигурување гради партнерства со образовните институции во земјава. Преку соработката со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, сакаме да обезбедиме поддршка за студентите во делот на нивната финансиска едукација, но и нивно едуцирање за потребата од осигурување, подобрувајќи ги на тој начин нивните вештини и способност за носење правилни финансиски одлуки”, изјави г. Александар Манев.