Крушевскиот Македониум во 10-те најчудни објекти во светот!

Добивај вести на Viber

*Насловна фотографија: Деан Мандичевски; извор: marh.mk

За македонската култура и историја се знае низ целиот свет, а архитектурата е она што особено ги воодушевува луѓето.

Затоа во објавената статија за ЧУДНА АРХИТЕКТУРА: ТОП 10 НАЈУНИКАТНИ ОБЈЕКТИ ВО СВЕТОТ на веб- страницата https://www.architectureanddesign.com.au/features/list/weird-architecture-world-s-top-10-weirdest-buildin се најде и споменикот Илинден или познат и како Македониум во Крушево.

Еве кој се се најде на таа топ листа:

1. Nativity of the Giraffe - Paris, France

Проект дизајниран од Hondelatte Laporte Architectes и завршен во 2012-та година, оваа француска зграда служи како центар за згрижување деца.

2. The Dubai Frame - Dubai, United Arab Emirates

Рамката на Дубаи е најголемата рамка за слика во светот; 150 метри висока и 105 метри широка. Овој архитектонски белег беше замислен од Фернандо Донис.

3. Atomium - Brussels, Belgium

Дизајниран од инженерот Андре Вокејин и архитектите Андре и Жан Полак, зградата која беше инспирирана од атомот е првично изградена во 1958-ма година.

4. Ilinden - Kruševo, Republic of Macedonia

Илинден е споменик дизајниран од уметниците Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска, изграден во 1974-та година. Споменикот е посветен на борците и револуционерите кои учествуваа во Илинденското востание од 1903-та година, како и војниците-партизани на Македонската народноослободителна борба 1941- 1943. Внатре во куполата е гробот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев

5. National Fisheries Development Board - Hyderabad, India

Оваа гигантска зграда во форма на риба е регионална канцеларија за Националниот одбор за развој на рибарството, кој се наоѓа во близина на Хајдерабад, Индија. Зградата, изградена во 2012-та година.

6. Wuxi Wanda Cultural Tourism City Exhibition Center - Wuxi, China

Огромен ротирачки чајник, оваа зграда е кинески изложбен центар дизајниран да се однесува на локалните обичаи.

7. Cube House - Rotterdam, Netherlands

Дизајнирано од архитектот Пиет Блом, овој сет на навалени куќи е дизајниран врз основа на концептот „живеењето како урбан покрив". Коцките на конвенционалните куќи се навалени за 45 степени.

8. Dancing House - Prague, Czech Republic

Танцувачката куќа беше дизајнирана од Владо Милуниќ во соработка со Френк Гери во 1992-ра година, а завршена во 1996-та година. Таа служи како зграда за Nationale-Nederlanden, холандска осигурителна компанија.

9. Sharp Centre for Design - Canada

The Sharp Centre for Design е дел од колеџот за уметност и дизајн на Онтарио (OCAD). Тој беше дизајниран од страна на Алсоп архитекти во партнерство со Robbie / Young + Wright. 

10. Selfridges Building - Birmingham, England

Дизајниран од архитектонската фирма „Future Systems", зградата е историска зграда во Бирмингем. Се состои од челична рамка со испрскана бетонска фасада. Завршена во 2003-та година, зградата оттогаш стана архитектонска икона и се смета дека има значајно придонес за регенерација на Бирмингем.


*Насловна фотографија: Деан Мандичевски; извор: marh.mk