Крвава „бајка“ на 21-от век: Мајката на загинатата ученичка од „Рибникар“ апелира - учете ги децата на емпатија и вредности, не да имаат одлични оцени
„За мене основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар не е повеќе училиште од 3 мај (кога се случи злосторството). Тој ден беше уништен и ниедно дете не смее повторно да стапне таму да оди на настава, бидејќи тоа не е нормално. Не смее повеќе да биде училиште. На тоа место треба да се изгради меморијален центар. Исто така, учебната година мора веднаш да се прекине во цела Србија, да се покаже солидарност, а не да се продолжи со обид да се нормализира на сето ова. Во ред е, и треба децата да поминуваат време со класот и наставниците до лето, но надвор од училиште - на терени, игралишта, во паркови, нека зборуваат, нека се смеат, плачат, врескаат, гушкаат... во текот на летото. А од 1-ви септември целосно да се реформира образовниот систем - основното училиште концептуално да се промени, со овие зборови ја започнува приказната Миланка Негиќ, мајката на Софија (13), која беше убиена на 3 мај во училиштето во Врачар.
Таа реши да излезе во јавност за да се обиде да промени нешто, да укаже на фактот дека мора да се промени сегашниот систем на основно образование, бидејќи на децата треба да им се понудат содржини кои пред се ќе развиваат емпатија, блискост, другарство, меѓусебно почитување, а како досега се да биде сведено на трека за подобри оцени.
Имам сила да се борам
-Јас имам четири и пол годишно дете, имам волја и сила да се борам, сакам тоа дете да порасне тука и важно ми е во какво општество ќе порасне. Затоа сакам да го истакнам сето ова и ми е неверојатно како овие денови, сите зборуваат за настанот, и се друго е во фокусот освен за клучните работи. Морам да го кажам ова иако сето ова бара многу енергија, бидејќи вложувам многу труд и енергија за да можам некако да ја задржам Софија присутна покрај мене, да го слушнам нејзиниот глас, некако да најдам начин да се справам со се... - вели Миланка Негиќ за српски Курир.
Софија била во тоалетот кога почнала пукањето во училиште тој кобен ден. Надвор ја чекала нејзината пријателка, но таа влегла друга кабина кога биле испукани истрелите, меѓутоа, Софија истрчала во ходникот и починала.
Порака од пријателката на Софија
„Не можев да ве известам...“
Во морето пораки што ги добиваше претходните денови Миланка Негиќ, особено потресна беше една од пријателката на Софија, која веднаш знаеше дека таа починала:
- Неколку дена подоцна ми рече: „Жал ми е што не ти кажав веднаш, веднаш знаев дека Софија починала, но не можев да ти кажам“. Софија беше мојата најдобра пријателка и навистина уживав во секој момент со неа“.
- Доживеавме најголемата трагедија што се случила на светот, а сега ги туркаат децата да одат на училиште, се да се нормализира, се да продолжи... А ова е „Крвавата бајка “ на 21 век. Се сеќавам како кога бев мала секој 21 октомври цело одделение размислуваше за тоа што се случувало во Крагуевац во 1941 година и целото одделение тогаш плачеше, имаше чувства, емоции, сочувство, иако поминаа повеќе од 40 години. Има причина за тоа - децата се поистоветуваат со децата, така се развива емпатијата. Не плачевме слушнавме дека е убиен херој, а ни беше жал, но кога чувме дека умреле деца - тогаш плачев,е. А нашето општество денес нема емпатија, тоа се стекнува на училиште, денес има само некоја нездрава конкуренција и завист меѓу децата, тоа е единственото нешто што се развива... Во училиштето најголем акцент се става на оценките, има голем притисок кога се во прашање оценките. Покаченисе праговите за упис во средните училишта, децата се фрустрирани... Затоа притисокот со оценките мора под итно да исчезне. Акцентот во основното училиште мора да биде на нешто друго, децата да учат вредности, да им даде некаква содржина, да имаат некаква култура, да се дружат и да се поврзуваат, да развиваат емпатија... вели таа.
- Во училиштата мора да биде вклучена културата, да одат во театри, кина, да шетаат, децата да се држат за рака, да се собираат на терените, секогаш да спортуваат, да свират... Ако е предвидено основното училиште да е задолжително, тогаш таму детето не само што треба да научи да чита и пишува, собира и одзема, туку треба да научи да има емпатија, да развива другарство, да му се даде некаква содржина... Па, ако не можеме да очекуваме секое семејство да ја даде таа содржина, тогаш тоа е прашање за општеството, треба да се справи со тоа. На општеството му е важно во какви луѓе ќе пораснат овие деца... Затоа, приоритет е општеството сега да го сврти вниманието кон децата, вели Миланка.
Таа наведува дека претходните денови добивала пораки за поддршка од децата, дека и пишувале дека им е многу жал за се што се случило, дека многу ја сакале Софија, дека уживале во секој момент со неа... Повеќето од нив не сакаат да се вратат да предаваат во истото училиште.
- Еден од пријателите на Софија ми рече: „Никогаш повеќе нема да влезам таму“. Какво реновирање...“ Овие деца им кажуваат на родителите дека не можат да одат на училиште, дека не се подготвени... И не е прашање дали е рано или не, затоа што никогаш повеќе не треба да стапнат таму. Што ќе прават со тоа училиште, дали ќе градат меморијален центар, дали ќе го срамнат со земја и ќе направат меморијален парк, дали половина од него ќе биде меморијален парк/меморијален центар, а друга половина центар за образование и поддршка што децата ја немаат во училиштата, каде што често немаат кому да се обратат... Можеби тоа треба да биде некој среден авторитет - ако децата не можат да се обратат кај никого во своето училиште, тогаш нека доаѓаат таму кога имаат проблем... Во нашето училиште („Рибникар“) децата што ги знам се плашеа од педагогот, не им помагаше, никој од нив не сакаше да и се обрати ако има проблем, како што слушнав од Софија и други деца и родители... Зборуваа се: „Само да не ме види педагогот, да не ме види педагогот...“ ,вели Миланка Негиќ.
Ќе има притисоци и противење
Ако има меморијален центар на местото на поранешното училиште, децата треба да доаѓаат таму, вели тој, еднаш годишно, на соодветна возраст, можеби од четврто или петто одделение.
-Тоа место треба да биде предупредување, потсетување, споменик... Децата на одредена возраст доаѓаат таму и да се спомнуваат починатите. Да ги запознаваат животите на жртвите, нека се поистоветуваат со нив, нека сочувствуваат... А оној малиот кој пукаше никогаш повеќе да не се спомнува по име, презиме, ниту иницијали, ниту да се објави негова фотгорафија, за никој никогаш да не се идентификува со него - вели таа.
Како што вели, има многу родители кои го поддржуваат нејзиниот став дека на местото на денешен „Рибникар“ никогаш не треба да има училиште:
-Со тоа се сложија многу родители, но со текот на времето малку попуштаат, знаеш што се случува кога си добар човек и кога сакаш да бидеш разбирлив за сите, тогаш малку по малку се вртат притив тебе...вели Миланка.
Свесна е и дека ќе има родители кои ќе се спротивстават на затворањето на училиштето, бидејќи „ќе морале да се иселат од нивната комфорна зона“:
- Ќе има голем отпор да се промени било што. Некои родители на деца кои не се од оваа смена (во која се случи масакрот) или од одделенска настава сакаат се да се продолжи некако, да не се менува ништо, од нив ќе има најголем притисок и противење... се разбира, има и такви кои се очајни и ни ја даваат сета поддршка во светот. Има и наставници од втора смена кои се за продолжување на наставата, бидејќи не ги познаваат децата кои се убиени, повредени, трауматизирани, не биле присутни или нивните деца не биле присутни. Луѓе, ова е најголемата трагедија што се случила било каде во светот - наше дете да убива други деца. За што зборуваме? Инаку, не е фер што државата го остави ова прашање на училиштето и на родителите од „Рибникар“, поточно ние да го решаваме овој проблем. Мислам дека тоа не е возможно, бидејќи е премногу сложено.
Кобниот ден - Наставникот прашувал: Има ли живи?
Миланка Негиќ вели дека има наставници кои се уште не се свесни за тоа што се случило, па затоа се однесуваат ладно. А има и од оние кои воопшто не ги разбираат размерите на ова злосторство. А до каде е траумата кај децата, вели, останува да се види.
- Тој ден еден од наставниците откако го слушна пукањето, помислил дека некој влегол од страна, најмалку двајца-тројца, така звучело, какорафален оган. Кога ги видел телата, се вратил горе и ги одвел децата до излезот, а потоа влегол во одделението каде се пукало и извикал: „Има ли живи?“ - вели мајката на Софија за српски Курир.
Фото:kurirrs/bobankarovic