Купиле запуштена куќа и ја претвориле во вистинска оаза: Сè направле со свои раце, луѓето се воодушевени (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Ова мало семејство претвори напуштена куќа во вистински дом

Тара и Џон, патници кои посетиле над 190 земји, решиле да се населат во шармантно португалско село.

Избрале идилична дестинација, а она што е особено интересно во оваа нивна приказна е тоа што се стекнале со запуштен имот и напуштена куќа, на која никој не стапнал 12 години! 

Нивната одлука е донесена по раѓањето на нивното второ дете. Сега родителите на две момчиња, Крусо и Соер, сакале нивните деца да растат во тишина, далеку од вревата на градот. 

Тие станале сопственици на три декари плодна земја, каде што ги пречекала запуштена и обрасната куќа. 

Тие презеле огромна задача со полн ентузијазам - ги отфрлиле сите непотребни работи, а потоа ги вратиле и адаптирале преостанатите делови. 

По студиозна реставрација, куќата била создадена одново, од темел и станала целосно трансформирано место. Околу неа сега се протегаат градина, лозје и овоштарник, а станале и горди сопственици на кокошки. Од запуштената стара куќа изникнала бајковита оаза на мирот, обвиена со светли ноти. Дневната соба оживела со додавање на зелени и пастелни нијанси, додека кујната ја привлече љубопитноста на многу домаќинки кои ги забележаа промените. 

Оваа неверојатна трансформација предизвика наплив од коментари на нивниот канал на YouTube, каде Тара и Џон споделија видео од целиот процес.

Сите беа воодушевени и дефинитивно заклучокот е дека имагинацијата навистина може се‘.


Фото и Видео: Youtube