Ламбе Алабаковски: На тие што ме поддржуваат или што ме плукаат, им посакувам добро здравје - без нив сме никој и ништо

Добивај вести на Viber

Прво беше херој, но кога на својот фејсбук статус објави дека ќе ја напушти Македонија поради незадоволството од третманот на македонскитре пејачи, се редеа критики на социјалните мрежи. Ламбе вели дека ќе остане во земјава и максимално ќе се посвети на кариерата. Во 2024 ќе одбележи 20 години на сцената, ќе издаде нов албум и ќе одржи солистички концерт.

- Мојот статус на фејсбук беше една шега. Но, пола шега, пола вистина. Бев изреволтиран и се уште сум, што доаѓаат странски пејачи. За секого има место и тука секој слободно може да прави концерт. Но, парите кои тие ги земаат и данокот што се излева, од една страна, а од друга, за македонските пејачи се одвојуваат и се вложуваат многу малку средства, тоа ме изиритира најмногу. За тоа што се случува на македонската естрада, самите сме виновни. Не се чувствувам искрено како херој. Сум го направил тоа што сум го мислел и што сум го чувствувал претходно, а на тие што ме поддржуваат или што ме плукаат, им посакувам само добро здравје, бидејќи без нив сме никој и ништо – вели Ламбе.


Алабаковски годинава ја заокружи со песната со наслов „Дегиди“. Аранжманот е со потписите на Дарко Димитров и Никола Мицевски. Димитар Андоновски беше задолжен за виолините, додека Нина Јанева ги пее придружните вокали. Видеото, пак, е со потписот на Зага продукција. 

-Песната стоеше во фиока околу 12 години некако сѐ мислев сега, утре, задутре, но нјаверојатно требала да созрее за да се најде во етерот и пред мојата публика и сите оние кои ја сакаат македонската традиционална песна. Со оваа песна и официјално сакам да го најавам новиот проект што ќе излезе следната година, кога ќе одбележам еден убав јубилеј – 20-годишнина од почетокот на мојата професионална музичка кариера“, вели пејачот.

С.А.Н