Лажeш ако се правиш совршена мајка: Десет вистини за мајчинството

Модната блогерка Кристин Бурк опиша десет важни работи на кои ги научила своите деца  и што е битно за сите мајки добро да се чувствуваат во таа улога.

Пред 11 години таа стана мајка, и животот сосема ѝ се смени. Во текот на сите овие 11 години, таа правела список на важните работи кои мајката треба да ги знае, а мајките меѓу себе не ги споделуват.

1. НЕ ПОСТОИ МАЈКА НА ПЛАНЕТАТА КОЈА ЗНАЕ ШТО ПРАВИ

- Секоја мајка се труди, оди напред и се надева на најдобро. Тое е вистина. Меѓутоа, ако мајката тврди дека знае сѐ што прави, таа лаже и немојте да се дружите со неа.

2. ПАК ЌЕ СПИЕШ, НО НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ КАКО ПОРАНО

- Остатокот од својот живот ќе спиеш со едното уво потпрено на вратата, а ноќните движења дома ќе ги следиш подобро од ЦИА агент. Со двете очи затворени, ќе знаеш дали твојот син почнал да месечари и дали на твојата ќерка ѝ требаат капки за нос. Ова е навистина неверојатен феномен.

3. БОЛЕДУВАЊЕТО ЗА ТЕБЕ ВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ

- Кога си болна, веќе не постојат вистински боледувања. Кога не ти е добро, едвај ја држиш главата на рамењата, но твоите должности никогаш не престануваат. Ќе лежиш „полумртва“ на подот во бањата додека имаш грип, но твојот „менџмент“, децата нема премногу да се грижат за тоа.

4. ПРИЈАТЕЛСТВАТА СО ДРУГИТЕ МАЈКИ СЕ ВАЖНИ

- На пријателките кои имаат деца , можеш да им раскажеш сѐ за своите деца, а тие нема да ти судат. Ќе имаш на кого да му се јавиш од бањата кога ќе дојдат тешки денови. 

5. ЌЕ ИМАШ СЕКС СЀ ПОРЕТКО ВО ЖИВОТОТ

- Сексот ќе биде сместен некаде помеѓу  работите како што се: „Купи кукла Хелоу Кити„ и „испразни ја машината за садови“. Најди време повторно да се поврзеш со партнерот. Не заборавај дека валканите алишта ќе те чекаат и другиот ден. 

6. ТВОЈОТ НОВ ЖИВОТ НЕМА ДА ТИ СЕ ДОПАДНЕ ВЕДНАШ

- Секако дека го сакаш своето дете и мислиш дека неговото раѓање е чудесно, но првите денови е многу тешко. Со мало дете, секој ден ти е сѐ потешко. Веќе нема да можеш брзо да направиш некои работи во своето секојдневие. Ако тоа го кажеш на глас, ќе станеш личност со која и другите мајки ќе се дружат.

7. ЌЕ СТАНЕШ ЛАЖЛИВКА

Ќе почнеш да лажеш за Дедо мраз, за добрите самовили и за лошите вештерки. Ќе станеш вешта во лажењето а од децата ќе очекуваш потполна искреност.

8. СЕКОЈ ПРОИЗВОД НА ПАЗАРОТ МОЖЕ ДА БИДЕ ОПАСЕН ЗА ТВОЕТО ДЕТЕ

- Од различни хемиски состави во пластиката, до ГМО и сите работи помеѓу, секој има свое мислење. Внимавај на пестицидите, на оловото, на различната храна и на сите останати работи за кои сите имаат свое мислење. Сѐ станува една збунувачка арена во која треба да се воспита детето. Работи најдобро што можеш и немој да обрнуваш внимание на другите.

9. ЌЕ ПОЧНЕШ ДА ГИ НОСИШ СИТЕ ВИДОВИ НА ПУШ-АП ГРАДНИЦИ И МИДЕРИ

- Долната облека по породувањето ќе биде избрана по принциот „цврсто“ и „поддршка“, место „волшебно“ и „секси“. Понатаму, мидерот ќе стане дел од твоето секојдневие, а „елсатичниот појас“ ќе биде збор кој често ќе го користиш кога ја опишуваш својата облека. 

10. ЌЕ СТАНЕШ ДОБРА МАЈКА

Ќе згрешиш и ќе постојат моменти кога ќе бидеш сосема сигурна дека на твоето дете ќе му треба терапија кога ќе порасне, за да го поправи сето она за кое ти си згрешила. Прави ги работите најдобро што знаеш, и ќе биде сѐ во ред. Ако на твоите деца не им се допаѓаат некои работи, нема врска, затоа што и тие ќе ја имаат својата шанса кога и тие ќе станат родители.