Лекар од Балканот откри каде е најголема веројатноста да се заразите од коронавирус
Лекар од соседна Бугарија препорачува да се избегнуваат овие места за да не се допре површина со смртоносниот грип
Познатиот лекар од Бугарија д-р Евгениј Комаровски
посочи кои се најопасните и најранливите места за добивање на коронавирус.
Во услови на КОВИД-19, добро е да се знае на кои
места најмногу сме во опасност да се заразиме со респираторна инфекција. Еве го
мислењето на експертот и неговиот совет.
Според него, шансата да се допре коронавирус е
најголема во болница и тоа особено во одделот за интензивна нега. Лекарот вели
дека, луѓето кои престојуваат во мали простории со слаба вентилација се со
најголем ризик.
Др. Комаровски тврди дека, „летот“ на
коронавирусот може да се зголеми и во зависност од различните гасови и аеросоли
во воздухот: „Особено е опасно ако во просторијата е пушено цигара“, рече тој.
Тој, исто така додава дека болничките одделенија се најопасно
место од сите, а веројатноста за добивање на смртоносен вирус е голема.
„Важно е да имате производи за дезинфекција околу
вас. Се повеќе е добро да се проветрува просторијата, особено ако времето е
добро и временските услови го дозволуваат тоа“, рече тој.