Доктор тврди: Правиме сериозна грешка при миењето на заштитните маски
Тој објасни
како е добро да ги исчистиме за да можеме повторно да ги користиме
Пандемијата од коронавирус стивнува, но е јасно
дека оваа инфекција нема да нè остави наскоро.
Треба да се прилагодиме и да се заштитиме, мора да
одржуваме висока лична хигиена и да ја почитуваме социјалната дистанца.
Владата, воведе и мерка за задолжително носење
маски надвор како превенција, затоа што сите може да бидат болни и можеби не
знаат за тоа, а со тоа и да ги заразат другите.
На почетокот од пандемијава земјава се соочи со
недостаток на маски и средства за дезинфекција, но сега состојбава се
стабилизира и има средства за заштита низ аптеките и маркетите, но како
всушност го користиме сето ова?
Д-р Евгениј Комаровски, откри голема грешка што
многумина ја прават во обидот да ги исчистат своите маски за многукратна
употреба. Лекарот, исто така објасни кој е најдобриот начин за дезинфекција на
нашите маски.
Според него, не мора маскатада се исчисти
на посебен начин, а тоа што некои ја ставаат маската во вода на вриење или ја
ставаат во микробранова печка со алкохол, е сосема погрешно.
„Само измијте ја маската со рака со детергент и оставете
ја да се исуши“, рече Комаровски.
„Може да користите секаков вид на препарат за
чистење, дури и за миење садови и за перење на алишта. Може да ја накиснете малку
маската и потоа да ја исперете и оставете ја да се исуши“, рече тој.
„Ако имате над 60 години, ако сте со прекумерена тежина, сте пушач,
имате хипертензија - носете маски. Заштитете се себе и другите, ова е
одговорно“, рече тој.
Извор: jenata.blitz.bg
Ова е единствената маска за која американски експерти велат дека е најефикасна против коронавирусот