Лекари мораа да ја откажат свадбата поради коронавирусот: Се венчаа во болницата

Докторот Мајкл Сон и неговата вереница, исто така лекар, Шелун Цаи мораа да откажат долго планирана голема свадба поради пандемијата на коронавирус. Сепак, тие решија да одржат мала церемонија во болницата каде што двајцата работат.

Со маски, импровизиран превез и знак “Just married“ на количка во болницата, единствени гости на свадбата беа колеги, а семејството и пријателите ги следеа преку видео повици.

Шелун изјави дека таа и Мајкл се венчале во 2016 година, а големата свадба требало да се одржи во Северна Каролина во саботата.

„Колегите знаеја дека ја одложивме свадбата и кога дознавме дека токму на планираниот датум ќе мора работиме, одеднаш сите се ангажираа, ми направија завеса, па цвеќиња, и по полноќ, по грижата за пациентите, тие ни подготвија свадба “, откри Шелун за Добро утро Америка.

За целата вест и фотографии продолжете на Машки магазин