Лекарите мислеа дека ќе роди бебе тешко 4,5 килограми: Кога се породи следеше изненадување
Бебето кое го роди веднаш „скокна“ во пелена број два
Една новопечена мајка открила дека медицинските сестри и лекарите мислеле дека нејзиното бебе ќе тежи 4,5 килограми, но изненадувањето се случило додека таа не се породила.
Оваа млада мајка за време на бременоста покажала неколку слики, на кои се гледа нејзиниот стомак, пренесува „The Sun“.
@skyeshanellefoster #mummysboy Popular - From "Wicked" Original Broadway Cast Recording/2003 - Kristin Chenoweth
Докторите процениле дека бебето ќе тежи околу 4,5 килограми, но кога нејзиниот син пристигнал на светот со царски рез, сите останале запрепастени бидејќи имало неверојатни 5,5 килограми.
Сите во породилиштето нејзиното големо бебе го споредиле со големина на тримесечно бебе. Бебето веднаш почнало да носи пелени со големина 2.
Многумина ѝ велеа дека е вистинска воинка затоа што ја преживеала бременоста со толку големо бебе, а некои мајки и пишувале дека нивните бебиња од неколку месеци тежат колку и нејзиното новороденче.