ЛЕКАРИТЕ ОД ОНКОЛОГИЈА ЧЕКААТ ВИСТИНСКО ВРЕМЕ ДА ПРОГОВОРАТ ЗА СЛУЧАЈОТ: Огромен е бројот на лицата кои се повикуваат на распит
ФОТО: МИА
Секоја нова сторија која открива на кој начин најблиските на болните од канцер се снаоѓале со лекарства уште повеќе го зголемува револтот кај граѓаните кои сакаат точно да се знае кој сè е вмешан во последната голема афера во македонскиот здравствен систем. Некои од нив покажуваат разочарување, некои воопшто не се изненадени ако и сето ова помине туку така, а некои пак не го кријат бесот и бараат конечно надлежните да излезат со конкретни имиња на сите инволвирани. Соговорниците на Фактор ценат дека во случајот се вмешани и лекари и среден медицински кадар и политичари.
- Повеќедеценискиот криминал на оваа клиника е првенствено „дозволен“ од највисоките структури. Тоа не може да не се гледа, да не се забележи, и токму затоа сега не треба да се молчи. Секој што бил инволвиран треба да се каже со име и презиме. И не е од сега проблемот. Мајка ми се лекуваше од канцер пред 15 години. Сосема иста беше приказната има цитостатици, нема цитостатици. Пробај побарај го овој, побарај го оној....Значи ова трае и никому не му текнува да стави крај, и секако за грдни пари, вели за Фактор Елена А. од Скопје, која е повеќе од убедена дека голем број од лекарите на Клиниката за онкологија се вмешани во аферата.
Фактор стапи во контакт со повеќемина вработени на клиниката, меѓу кои и со дел од лекарската фела. Велат дека сега не е време да даваат изјави, го чекаат вистинскиот момент.
- Ставени сме во позиција да се бориме со сеништа кои не знаеме од каде доаѓаат. Сега нема да даваме изјави и да се обидуваме да ги разјасниме работите. Ќе дојде вистинскиот момент кога ќе кажеме се што треба да слушне јавноста, велат некои од лекарите за Фактор, кои засега инсистираат да останат анонимни.
Продолжува на Фактор.мк