Лекувањето на рак со CAR T-клетки сега е достапно во „Аџибадем Алтунизаде“ во Турција
За некои пациенти со
леукемија и лимфом, терапијата со CAR Т-клетки може да дејствува кога другите
третмани не успеваат.
Нов третман за рак познат како терапија со CAR T-клетки сега е достапен во болницата „Аџибадем Алтунизаде“ во Турција. Во последно време, третманот со CAR Т-клетки се смета за ново „магично оружје“ во борбата против ракот. Тоа е високо индивидуализиран третман кој ги користи сопствените имунолошки клетки на пациентот и ги модифицира за да откриваат и напаѓаат клетки на ракот. Бидејќи е нова, сложена и потенцијално ризична процедура, се применува само во неколку напредни медицински центри во Западна Европа и во САД. Болницата „Аџибадем Алтунизаде“ е прва во Турција и регионот што го спроведе новиот третман. Проф. д-р Сирет Ратип, раководител на Одделението за трансплантација на коскена срцевина за возрасни во болницата „Аџибадем Алтунизаде“, ја опиша новата терапија како „голем напредок“ и објави први ветувачки резултати кај пациенти со некои видови рефракторна леукемија или леукемија и лимфом што се повторуваат, каде што други достапни третмани не покажуваат успех.
Што се CAR T-клетки и зошто се важни?
Нормално, нашиот имунолошки систем препознава клетка која предизвикува рак и ја елиминира. Тоа е еден вид природен систем во нашето тело за борба против тумори односно клетки кои се претвориле во тумор. Потфрлањето на овој систем доведува до неспособност на имунолошкиот систем на телото да ги препознае и уништи клетките на ракот, што е причината за повеќе видови на рак, објаснува проф. Сирет Ратип.
Т-клетките се вид на лимфоцити кои имаат клучна улога во нашиот имунолошки одговор на каква било закана, како што се инфекции, алергени, а исто така и тумори. Но, клетките на ракот се експерти во криењето и избегнувањето да бидат откриени од одбраната во телото. Нашиот имунолошки систем вообичаено ги препознава непријателските клетки со наоѓање специфични протеини наречени антигени на површината на тие клетки. Тоа функционира како брава и клуч: бравата може да се отвори само со соодветниот клуч, исто како што секој странски антиген има единствен имунолошки рецептор. За откривање и уништување на клетките на ракот, на имунолошкиот систем му се потребни соодветните рецептори за нивните антигени. Различни видови на рак имаат различни антигени и за секој од нив е потребен единствен химеричен антиген рецептор (CAR). Одредени видови на леукемија или лимфом, на пример, носат антиген наречен CD19.
„Третманот со CAR Т-клетки има за цел да ги извлече Т-клетките на пациентот надвор од телото, да ги обучи и генетски да се влијае на нив така што тие се враќаат и го препознаваат туморот што го напаѓа нивното тело“, вели проф. Сирет Ратип. Специјален рецептор (CAR) се вметнува во Т-клетките на пациентот во лабораторија, за да се осигура дека тие ќе ги препознаат и нападнат специфичните канцерогени клетки. Потоа, новосоздадените CAR T-клетки се мултиплицираат во лабораторија пред да се вратат кај пациентот преку инфузија.
Како функционира терапијата со CAR T-клетки?
„Кај лимфомите и леукемиите, за што и да станува збор, ќе има пациенти со рецидиви на болеста. Кај акутните леукемии, тие можат да бидат околу 20%, а кај лимфомите, во зависност од видот, може да варираат од 20 до 70%“ посочува проф. Сирет Ратип. Тоа значи дека дури и со денешните софистицирани методи на хемотерапија, радиотерапија и трансплантација на коскена срцевина, достапните опции за лекување сè уште не успеваат кај голем број пациенти кои ги губат своите животи поради болеста. Тука настапуваат Т-клетките со химеричен антигенски рецептор или третманот со CAR Т-клетки.
Проф. Сирет Ратип, хематолог, го објаснува процесот на следниов начин: „Првата работа што ја правиме всушност е обид да ја намалиме туморската маса колку што можеме со помош на хемотерапија. Потоа собираме Т-клетки од телото на пациентот по кратка доза хемотерапија со апарат, па го избираме видот на Т-клетки кои ќе ги нападнат клетките на туморот. Ги добиваме тие клетки и генетски создаваме молекула која ќе биде прикачена на нив, а другата страна, штом ќе влезе во телото ќе се закачи за туморот. Тоа може да биде молекулата CD19, како кај повеќето Б-клеточни не-Хочкин лимфоми, или Б-клеточни акутни лимфобластични леукемии. Значи, овие обучени и проширени Т-клетки се подготвуваат надвор од телото, во лабораторија. Во единицата „Алтунизаде Аџибадем Лабсел“ тоа може да се направи против CD19 позитивните не-Хочкин лимфоми или акутните Б-клеточни акутни тумори на лимфобластична леукемија. Откако ќе се создадат и прошират, тие може, со помош на катетер, да се внесат во телото на пациентот каде што почнуваат да ги напаѓаат клетките на туморот. И додека го прават тоа, тие дополнително се прошируваат во телото; така овој анти-туморски ефект продолжува да се случува. Сметаме дека ова е еден од најновите третмани што во денешно време се шири за сите видови тумори“.
Несаканите ефекти мора строго да се следат
Иако терапијата со CAR-T користи природни клетки, таа сепак може да предизвика сериозни несакани ефекти, предупредува проф. Сирет Ратип. Еден од нив е синдромот на ослободување на цитокини што доведува до симптоми слични на грип, исто како кога имуниот систем напаѓа вирус. Меѓутоа, во тешки случаи може да заврши со префрлање на пациентот во единицата за интензивна нега, поради потешкотии со дишењето. Можни се и невротоксични несакани ефекти врз мозокот, со симптоми како главоболка, конфузија или епилептични напади. Додека модифицираните Т-клетки дејствуваат во телото, тие, исто така, може да предизвикаат несакани ефекти, а во некои случаи можат да бидат сериозни или дури и опасни по живот.
Се разбира, поновите студии даваат увид во управувањето со овие несакани ефекти, вели проф. Сирет Ратип и додава: „На пример, разделување на CAR Т-клетките на три дела кога се даваат на пациентот: наместо да се даде цела серија истиот ден, се дели на три дела, на пример, првиот, третиот и седмиот ден. Исто така, постојат некои противотрови кои може да се користат кога се јавуваат несакани ефекти или синдром на ослободување на цитокини и тешка невротоксичност“.
Први ветувачки резултати во „Аџибадем“
Новиот третман започна да се применува во болницата „Аџибадем“ во Турција кај пациенти со CD19 позитивен Б-клеточен лимфом и CD19 позитивна Б-клеточна акутна лимфобластична леукемија. Постапката клеточно инженерство се изведува во „Аџибадем Лабсел“. По третманот на првите 10 пациенти, од кои сите сериозно погодени од болеста, тимот јавува дека околу половина од нив имале корист од новата опција на лекување и продолжиле со трансплантации за да ги исчистат останатите клетки во следните месеци. „Тие се пациенти кои ги пробале сите видови лекувања и не успеале да стигнат до целосна ремисија. Тоа е групата пациенти која се сметаше за невозможна. Значи, ако можеме долгорочно да спасиме 50% од пациентите, тоа е голем чекор, голем напредок“, коментира специјалистот по хематологија во „Аџибадем“, проф. Сирет Ратип. Според неговото искуство, помало оптоварување на болеста или помало количество на туморски клетки на почетокот на лекувањето дава поефикасни резултати со терапијата со CAR Т-клетки.
Експертскиот тим на „Аџибадем“ во блиска иднина има намера да примени терапија со CAR Т-клетки кај пациенти со мултипен миелом и други онколошки малигни заболувања. „Аџибадем“ прима пациенти како од Турција така и од целиот свет, кои можат да аплицираат за напредно лекување на ракот како прифатлива алтернатива за Западна Европа или САД.
ПР објава