Лепа Брена без трошка шминка! Пејачката се покажа како навистина изгледа на 63 години! (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Убавата Брена се гордее со својот изглед за кој отсекогаш се грижела

Пејачката Лепа Брена во младоста била симбол на убавината, до тој степен што се продавале кукли со нејзиниот лик, а и сега, во седмата деценија, важи за исклучително убава жена.

Како што вообичаено се случува кога се во прашање големите ѕвезди, Брена се труди и во јавноста да изгледа најдобро, но не се грижи секогаш да се шминка многу на лицето.

Имено, пејачката синоќа во Монте Карло излегла на пијачка со другарките и за таа прилика не се шминкала.

View this post on Instagram

A post shared by Kata R Tomovic (@kata_kety)

Иако има 63 години, Брена нема никаков проблем да покаже како навистина изгледа, а зошто и кога може да се пофали со здрава кожа и убави црти на лицето.

Пејачката ова излегување го овековечи со фотографија која ја објави на својот Инстаграм профил, а сите имаа можност да ја видат најголемата југословенска ѕвезда во вакво спонтано издание.


Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot