Лепа Брена на насловната страница на „Вог“, во најлуксузно издание досега: Во бунда од 11.000 евра во вилата на Тито, а еден детаљ ќе ги воодушеви сите
Пејачката блесна во шик варијанта - прескапа бунда на францускиот бренд „алаја“ од 11.000 евра, изработена од вештачко крзно.
Убавата Брена го оствари сонот на многумина, па ја краси насловната страница на најновото издание на легендарниот моден магазин „Вог“.
Пејачката блесна во шик варијанта - прескапа бунда на францускиот бренд „алаја“ од 11.000 евра, изработена од вештачко крзно, а на мрежите само вртат позитивни коментари за нејзиниот изглед и избор.
Како што наведува „Вог“, Брена е избрана за насловната бидејќи е вистински феномен, ѕвезда без споредба и икона. Тие истакнуваат дека пејачката е и вистинско олицетворение на југословенскиот поп културен идентитет.
За насловната страница ја фотографирал фотографот Бранислав Симончиќ, а целата фотосесија е направена во титовата вила „Галеб“.
Фото: ИнстаграмИзвор: Kurir.rs