Лепа Брена одбила да глуми во „Бољи живот“: Имала многу добра причина за тоа

Најпопуларната пејачка во Југославија во осумдесеттите години можеше да се најде во улогата на Нина Андрејевиќ, која подоцна ја играше Снежана Савиќ

Лепа Брена стана голема југословенска sвезда во осумдесеттите години, па се најде во филмот „Тесна кожа“, а потоа и во „Хајде да се волимо“, како нејзиниот истоимен албум. Сепак, малку е познато дека популарната пејачка во тие години првично добила понуда за улогата на Нина Андрејевиќ во култната серија „Бољи живот“.

Сепак, Брена сепак не можела да ја прифати улогата на Нина поради закажаните турнеи, кои ги имаше по филмот „Хајде да се волимо“. Наместо неа, во улогата се појави Снежана Савиќ.

- Тоа беше одамна и повеќе не се сеќавам кој ми се јави. Немав време да правам серии, бидејќи снимањето може да трае и до две години, затоа само филмови. Во тоа време, јас бев преокупирана со настапи и турнеи низ поранешна Југославија и во светот. Снежана Савиќ е одличен професионалец и ја одигра улогата маестрално, како што сигурно не би можела јас- изјави Брена за медиумите во една прилика по повод нејзиниот нереализиран ангажман во „Бољи живот“.


Извор: 24sedam.rs

*(ФОТО) Лепа Брена шокираше со новата боја на коса: Време е за промени