Лешникот е подобар од лек: Најдобар извор на витамините Б, Е, фолна киселина и здрави масти

Добивај вести на Viber

Помага во спречување на кардиоваскуларните заболувања, го јакне имунитетот, помага во здрав развој на фетусот - се само дел од придовките за организмот на човекот. Конзумацијата на еден од најпопуларните јаткасти плодови - ЛЕШНИКОТ, на секој еден од нас треба да ни биде на дневното мени.

Благодарејќи на својата голема популарност застапен е во многу рецепти и производи, а за неговата популарност говори и фактот што секоја година се произведуваат над 800 илјади тони лешници. 

Лешникот е богат со здрави монозаштитени и полизаштитени масти, кои сочинуваат најголем дел од неговите вкупни масти. Протеините исто така се составен дел од него, во количина од 15 грама на 100 грама лешници (околу 30% од дневната препорачана количина за просечна личност). Исто така се добар извор на минерали - манган, бакар, магнезиум, фосфор и железо. Богати се и со витамините Е, Б и фолна киселина.

Од сето ова што го набројавме досега видливо е дека лешниците, заедно со останатите јаткасти плодови, се многу здрави. Тие, благодарејќи на својот хранлив состав, помагаат во:

- спречување на кардиоваскуларните заболувања;

- намалување на ризикот од формирање на тумор;

- борба против слободните радикали;

- подобрување на помнењето и менталните способности;

- намалување на лошиот холестерол;

- јакнење на имунитетот;

- здрав развој на фетусот.

Извор: stil.kurir.rs