ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Модна линија за деца со посебни потреби
Брендот „Marks & Spencer“ минатата година доби илјадници пофалби за лансирањето на линијата облека специјално дизајнирана за деца со пречки во развојот.
Дизајнирана за да го направи облекувањето помалку стресно за децата и нивните родители, линијата е направена со посебен дизајн, и вклучува облека направена со дополнителен простор, како и дискретни џебови за цевки за хранење.
За да ја покажат ваквата кампања „Marks & Spencer“ вклучија разновидни млади модели со попреченост како Даунов синдром, церебрална парализа и хип дисплазија.
Парчињата облека се со пристапни цени, од 3 до 36 фунти.
„Marks & Spencer“ доби илјадници позитивни коментари од родителите.
- Брилијантна идеја. Да се надеваме дека повеќе продавници ќе одлучат да го сторат истото. Овие родители и онака имаат доволно нешта за справување, без да се борат да најдат облека за своите прекрасни деца - напиша еден родител.
- Мојата ќерка е родена во 1990-та година. Што би направила за овој посебен спектар на производи тогаш !!! Сега сум толку среќна за родителите што им помагате да им ја направите попреченоста барем малку полесна - додаде друг родител.