ЛЕТНО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Kaко промената влијае на вашиот организам?
Во недела на 25 март стрелките на часовниците треба да ги поместиме еден час нанапред, така што времето во 2 часот ќе се смета како 3.
Преоѓањето на летното сметање на времето организмот го поднесува значително потешко отколку она во октомври кога преоѓаме на „зимски режим“.
Промената на времето во март му пречи на биоритамот и може да доведе до проблеми со спиењето и концентрацијата, но и на нивото на шеќер во крвта кај луѓето со дијабетес.
Извештајот на Руската академија на медицински науки, покажува дека преминувањето од зимско на летно сметање на времето го зголемува бројот на срцеви удари за 50 проценти, зачестеноста на самоубиства за 66 проценти, а бројот на повици во итна помош е исто така во пораст.
Русија во 2011 година одлучила да се откаже од ваквото сметање на времето затоа што се покажало дека е штетно по здравјето на луѓето.